На ден 11 април 2025 година во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, беше реализирана работилница во рамките на проектот „И јас сум дел од волшебниот свет“.

Целта на проектот е да се поттикне читачката култура кај ромските деца и уште од најрана возраст да се развие љубов кон книгите и раскажувањето приказни. Преку внимателно осмислени активности, децата добиваат можност да го запознаат волшебниот свет на литературата, да ја развиваат својата имагинација и креативност, како и да се охрабрат да читаат и самостојно да раскажуваат.

Како дел од активностите, училиштето доби неколку примероци од книгата „Сјајни ѕвезди“, која е резултат на Еразмус+ проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Once Upon a Time … and Now“, со надеж дека учениците ќе продолжат да читаат и да ја откриваат магијата на литературата.

Дополнително, сите основни училишта ќе добијат примероци од оваа книга со цел да се збогати училишната библиотека и да се поттикне читањето меѓу младите.

Проектот „И јас сум дел од волшебниот свет“ е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook