https://www.facebook.com/profile.php?id=100064742136317
Целта на анкетирањето е да ги истражиме ромските бајки, откриеме како тие ја збогатиле културата, што знаат за потеклото на ромските бајки, како се зачувани ромските приказни, дали сметаат дека ромските народни приказни се важен дел од ромската култура и зачувавање на ромската култура, дали веруват дека ромските народни приказни играат улога во пренесувањето на вредностите и моралните принципи во ромската заедница и уште многу прашања и одговори.
Секој прашање ќе даде одговор и целосна поддршка за зачување на ромскиот јазик и културното наследство бидејќи Ромите имаат многу малку пишани бајки. Малиот број кој сè уште постои е зачуван од раскажувачите и усно посредуван.
Анкетираните граѓани, експерти, наставници, познавачи на ромската култура ќе ни помогнат во зачувувањето на ромските културни богатства и споделувањето на нивната мудрост со светот.
Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.