Денес нашата библиотека ја посетија учениците од шесто до деветто одделение при ООУ ,,Браќа Миладиновци” Добрушево и подрачното училиште во Дедебалци.
Во рамки на оваа креативна работилница тие имаа можност, да тргнат во авантура низ светот на книгите. Преку разгледување, читање и разговор, тие истражуваа разни детски книги – од класични приказни до современи наслови исполнети со фантазија, знаење и инспирација.
На овој начин тие имаа можност да откријат нови наслови, нови автори, нови приказни и да споделат свои впечатоци која од книгите би сакале да ја прочитаат, т.е. која од нив им задржа наjголемо внимание.
На наше големо задоволство оваа работилница поттикна љубопитност, креативно размислување и љубов кон читањето – затоа што секоја книга крие свет што чека да биде откриен, а тоа и го постигнавме.
Голема благодарност до Синоличка Танковска наставник по македонски јазик, Бети Марковска наставник по македонски јазик и Елена Цветковски библиотекар кои со својата љубов се трудат да им ја вгнездат љубовта кон пишаниот збор на овие прекрасни дечиња.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook