По повод 120 години од прераното трагично заминување на нашиот битолски учител и револуционер Ѓорѓи Сугарев, во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се реализира едно прекрасно предавање за неговиот живот и дело. Пред учениците од 8 одд., наставникот Александар Јаневски зборуваше како младиот наставник запловува во револуционерните води и преку документирани факти раскажуваше за немилосрдните настани, предавства, борби на македонскиот народ за подобро утре. Настанот започна и заврши со прекрасната македонска песна посветена на револуционерот Ѓорѓи Сугарев. Вечна му слава!!!
Оваа активност е дел од проектот „Одбележување значајни настани и личности од историјата на Македонија“ кој е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook