Празничната магија оваа зима се почувствува и во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Зимскиот распуст младите го искористија да бидат дел од нашата работилница за читање на волшебни приказни, организирана од библиотекарите. Зимските приказни внесоа радост и топлина, исполнувајќи ги срцата на децата со нови пријателства во овие зимски денови.
За да ги мотивираме децата да слушаат приказни, разговаравме за зимската идила, Дедо Мраз, Божиќните радости и обичаите поврзани со празниците. На тој начин ги поттикнавме да учествуваат во процесот на творење.
Читањето на глас секој ден е најважниот чекор за стекнување знаења и вештини потребни за полесно снаоѓање во едукативниот процес. Раното читање помага во: Развивање говорни вештини, збогатување на речникот, запознавање со светот на имагинацијата и уметноста, подобрување на вештините за слушање, набљудување и внимание, поттикнување на размислување и логично расудување. Сето ова создава трајни врски во мозокот, потребни за процесот на учење.
Дополнителни активности Освен читањето, имавме и други забавни и едукативни активности: Изработка на книги со наслов „Зимски приказни“, создадени од децата. Релаксирачки физички активности за опуштање, вклучувајќи пеење песни и играње на музика. Пишување зимски песни, кои децата потоа ги рецитираа.
Преку овие активности децата се социјализираа и создадоа чувство на заедништво, како едно големо семејство. Покажаа голема емпатија и меѓусебно другарство.
Желбата продолжува! Желбата на сите учесници е овие активности да продолжат, носејќи уште многу радост, креативност и нови пријателства.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook