Второто полугодие од оваа учебна година носи нови предизвици, нови пријателства и нови доживувања. Звукот на училишното ѕвонче ги повикува учениците во нови предизвици, нови пријателства и нови знаења.
Со самото започнување на наставата, започнува и дружбата, соработката и меѓусебната помош меѓу учениците, наставниците и сите други чинители вклучени во и вон наставниот процес.
Денес со учениците од прво одделение од ООУ „Коле Канински“ – Битола, најмладите имаа можност да се запознаат со значењето на другарувањето во училиште и надвор од него, како и со развивање на емпатијата меѓу луѓето.
За време на активноста зборувавме и за важноста и значењето на книгата се со цел да допреме до свеста на децата и да ги насочиме кон разумно размислување и делување.
Ја обработивме книгата „Денес ти нема да играш“, разговаравме за нејзината содржина и донесовме заклучоци дека со ценењето на своите другарчиња стануваме добар човек и пријател, а пријателството го дуплира задоволството и ја дели тагата.
Активноста ја завршивме со илустрација на прочитаното, во чии цртежи секое дете преку боите ги внесе своите емоции.
Благодарност до директорката на училиштето Дијана Христовска и до наставничката Македонка Илиевска Николовска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook