Во рамките на проектот „Работилници за деца со попреченост“, поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, денес реализиравме уште една успешна активност во соработка со ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола.

Инклузивното образование ја вреднува различноста и придонесот на секој ученик. Во вистински инклузивна поставеност, сите деца се чувствуваат безбедно и прифатено, а наставниот кадар има соодветна обука, поддршка и ресурси за да одговори на потребите на секое дете.

На настанот се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова, која истакна дека читањето книги на децата и младинците со попреченост претставува интегрален дел од единствениот образовен и културен систем и се темели на исти вредности и принципи како и кај сите други поединци.

Работилницата вклучи креативни активности со деца, водени од стручни лица од различни области, со цел да се поддржи нивниот емоционален, социјален и здравствен развој, а преку книгата да се поттикне нивната социјализација.

На крајот, учениците изработија споменар каде ги претставија своите чувства и доживувања преку креативен израз на хартија.

Директорката Давкова додели благодарници на сите учесници во работилницата.

Голема благодарност до вработените:

Ивана Карајанова, Јове Цветковски, Снежана Ѓоргиевска, како и до учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, за нивната посветеност и учество.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook