Во рамките на остварување на Годишната библиотечна програма подржана од Министерството за култура на Р.С.М., реализиран е проект од Секторот на Европски интеграции. Целта на проект е запознавање и примена на искуства од хрватските библиотекари со имплементирање на програми поврзани со евроинтегративните процеси во културниот сектор преку библиотечни содржини, и можности за соработка на европските проекти.
Како резултат на умрежувањето на библиотеките во регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки, а на покана од Градската библиотека и читаоница Винковци, реализирана е стручна средба на библиотекари преку презентација на библиотечни програми од двете страни, посета на библиотечните оддели и организирање на стручна средба со библиотекари, носители на најзначајните европски проекти кои се реализирани во повеќе библиотеки во Хрватска.


Новиот современ простор на Библиотека од Винковци отворен е минатата година под слоганот Твојот нов дом и располага со најнова технологија од библиотечното работење (книгомат, виртуелна стварост, 3Д печатари, мобилни апликации, библиобус итн.)
Дисеминација на стекнати знаења во наредниот период ќе биде реализирана преку стручни средби на библиотекари и креирање на услови за апликација на проекти. Заради голем број на информации од овој проект за повеќе сегмент
од средбата, истите ќе можат да се најдат на социјалните мрежи на нашата библиотека (facebook, instagram) со практични примери од работа на библиотека во Винковци. Исто така во рамките на проектот е остварен средба со библиотекари од Градска библиотека Вуковар, каде во средба со директорот и вработените се разменети искуства за текот на годишни и редовни ревизии и отпишување на библиотечната граѓа.

Подготвиле Јелена Петровска и Милка Котевска.

Повеќе фотографии н следниот линк: NUUB Facebook