На последниот ден од февруари, во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, се одржа работилница во која учениците од прва година од текстилната насока од СОУ „Таки Даскало“ – Битола, под менторство на професорката по ликовно Ема Ќука, ни изработија прекрасни мартинки за нашите верни читатели. Мартинки се изработуваат од црвена и бела боја. Црвената боја го симболизира животот, а белата среќата. Според разни верување мартинка се носи од 1 Март па се до здогледување на првата ластовичка (или штрк). Затоа учениците со најразлични плетки ни направија преубави мартинки, кои се надеваме ќе им донесат среќа на нашите читатели.