НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжува со активности по повод месецот на книгата. Денес нашата библиотека ја посетија децата од ООУ „Трифун Пановски“ – Подрачно училиште с. Трново со своите наставнички Марија Цветановска и Весна Талевска. Детското воодушевување на новите работи кои ги запознаа, не прават најсреќни.

Детските насмевки зборуваат многу. Овие дечиња ни изработија 2 прекрасни книги во уникатен стил. Една е посветена на детските права, а другата за книгата.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook