По повод 26 јануари Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина во холот на Библиотеката поставена е изложба на книги. Оваа изложба е дел од активностите кои ќе ги реализира нашата Библиотека за поддигнување
на свеста и едукација за заштитата на животната средина.
Ние имаме само една планета, колку повеќе ние ќе ја чуваме толку повеќе оставаме за идните генерации.