Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола, поставена е изложба на 30 фотографии на планинарот Бобан Китановски. Изложбата е поттикната од проектот „Предизвик 12 Врвови”, идеја на планинарското друштво Трансверзалец – Скопје.

Овој проект се одржува веќе осум и пол години и неговата цел е да се планинари на помалку познати планини во Македонија, а воедно да се искачат и некои нивни врвови. Секој месец се искачува по еден врв на различни места во Македонија.

Ги покануваме сите љубители на фотографијата и на планината да ја посетат нашата библиотека.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook