Во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола, денеска беше отворена изложбата на 100 книги, стари 100 години од фондот на Библиотеката „АЛБИ” – с.Бабино,

Книгата е огледало на збиднувањата низ вековите и човековите стремежи кои се реализираат и живеат во пишуваниот збор – книгите кои се печат на едно време…

На изложбата зборуваше м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, сопственикот на библиотеката „Алби“ – г-дин Стево Степановски, писателот Добре Тодороски и претседателот на ДПМ Христо Петрески.

По повод Светскиот ден на книгата и авторското право се читаше пораката од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и Македонската порака од проф. д-р Ана Стојаноска.

Изложбата ќе биде поставена од 24 до 28 април 2023 година.

Овој настан го искористивме да го одбележиме Светскиот ден на книгата и авторското право на симболичен начин со цвеќиња кои директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола им ги ги подари на присутните.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook