Амбасадорот Дејвид Гир, Првата дама Елизабета Ѓоргиевска и в.д. Директорката на UN_MK Моника Сандри вчера официјално ја отворија изложбата „Иднина е женски род”.

Во друштво на 1️⃣2️⃣-те протагонистки, извонредни дами од различни сфери на животот, се потсетивме на клучната улога која секоја жена ја има во своето опкружување. На секое девојче му е потребна љубов, но и многу примери низ животот за да израсне во жена. Овие дами се токму тоа – пример за истрајност, волја за живот, храброст, мудрост.

Една од 12-те протагонисти е нашата вработена Фатма Бајрам Аземовска, докторанд, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста

Иднината е женски род.

Жени кои веруваат во себе, своите способности и нивниот потенцијал, да водат и инспирираат позитивни промени – Фатма Бајрам Аземовска