По повод роденденот на Гоце Делчев, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, постави изложба посветена на неговиот живот, делото и идејата што ја остави како аманет. Делчев не беше само борец за слобода, туку и визионер кој веруваше во единството и достоинството на народот.
На изложбата претставени се фотографии, извадоци од периодични списанија и податоци што ја доловуваат неговата борба и идеалите за праведно општество.
Ве покануваме да ја посетите и заедно да се потсетиме на силата на неговата мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.“
Ова е можност да се оддаде почит и да се инспирираме од неговата визија за слобода и човечко достоинство.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook