Јазикот е еден од најважните обележја на секој народ. Тој не само што служи за коминикација, туку е и симбол на културниот, историскиот и националниот идентитет. За македонскиот народ, кодификацијата на македонскиот литературен јазик, извршена на 2 август 1944 година, на Првото заседание на АСНОМ, претставува еден од најзначајните настани во историјата. Оваа година се навршуваат 80 години од тој историски момент, кој го означи почетокот на официјалната употреба и развој на македонскиот јазик.

Пред кодификацијата, македонскиот јазик долго бил во сенка, трпејќи разни притисоци и негирања. Македонците се соочувале со забрани и асимилациски политики, кој го спречувале неговото слободно користење и развој. Но, со донесувањето на решението за официјализација на македонскиот јазик, конечно се отвара патот за неговото стандардизирање, развој и афирмација.

Благодарение на кодификацијата, македонскиот јазик доби своја азбука која беше озаконета на 5 мај 1945 година и правопис кој беше озаконет на 7 јуни 1945 година, што овозможи развој на македонската литература, образование и наука и негова употреба во сите сфери на општествениот живот. Со текот на годините, македонскиот јазик стана основа за богата книжевност. Македонскиот народ, преку својот јазик, го изразува својот културен и историски континуитет, што е клучно за зачувување на националниот идентитет. Јазикот е основа за колективна свест и комуникација, а неговата официјализација претставува акт на самопотврдување и независност.

Кодификацијата на македонскиот јазик е од огромно значење на македонскиот народ, затоа што ја зацврсти неговата самобитност. Благодарение на овај процес македонскиот јазик денес е развиен, литератирен и меѓународно признаен. Затоа, одбележувањето на 80-годишнината од неговата кодификација е потсетник за неговата важност, а наша обврска е да го унапредиме и зачуваме.

Голема благодарност до новинарскиот клуб од ООУ „Стив Наумов“ – „Искра“ од Битола и до наставничката Магдалена Сајкова.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB facebook