Значајна посета на организацијата „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ со седиште во Галатоне (провинција Лече, Италија), промовирана и координирана од Реџина Реста – претседател на здружението и позната италијанска поетеса, добитничка на медал на поезијата во Рим, во придружба на:
Грофицата Мирјана Добрила – писател и преведувач;
Гофредо Палмерини – новинар и поранешен претседател на општина Аквила;
Марија Пиа Туриело – криминолог, член на Парламентарната комисија за малолетници;
Мирела Кристина – адвокат, публицист и сенатор, член на Комисијата за правда и
Зорица Митиќ – писател и актерка.
На оваа свечена средба се потпиша Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Здружението на писатели „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“ од страна на м-р Емилија Стефановска Давкова – директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Реџина Реста – претседател на „ВЕРБУМЛАНДИАРТ“, којашто исто така ѝ врачи благодарница на директорката за голем придонес во културата и пријателството помеѓу Италија и Македонија.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook