Учениците од III 12 и IV 11 билингвални паралелки од СОУ „Таки Даскало“ – Битола и професорката по англиски јазик Анета Темелковска, одржаа час во склоп на проектни активности на тема „Современа музика во Велика Британија и САД“.

Учениците имаа прилика да се запознаат со можностите за користење на библиотечниот простор (читални) во библиотеката за работа во групи и реализација на наставни проектни активности на различни теми и истражувачки постапки во барање на податоци.

Програмскиот раководител м-р Јелена Петровска одржа кратко предавање за користење на библиотечните фондови со цел истражување на релевантни податоци за подготовка на семинарски и стручни трудови, како и за начини на цитирање литература и можности за позајмување на стручни книги од другите библиотеки.

Учениците имаа прилика да се запознаат со новиот библиотечен простор – Дневната соба на градот и да дадат конкретни предлози за креирање на нови библиотечни програми и организирање на дебати, литературни клубови и други активности.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook