Во рамки на одбележување на Патронатот на Библиотеката вчера се одржа завршен настан од проектот „Креирај Слемирај“.

Слем поезијата, исто така позната како поезија на говорен збор, е динамичен и ориентиран кон изведба стил на поезија што потекнува од 1980-тите. Се карактеризира со неговиот фокус на изговорениот збор, личното изразување и ангажираноста со публиката.

Во текот на годината, имавме јавен Повик за учесници за слем поезија.

Во рамките на проектот учениците имаа можност да обработуваат дел од темите на слем поезија како што се

– иселувањето на младите

– невработеноста кај младите

– влијанието на политичкиот систем

– семејството како вредност за младите

– љубовта

– Социјалната исклученост

– социјалните медиуми и сл.

Учесниците имаат можност да учат за:

• значењето и употребата на слем поезија

• да го развијат креативниот потенцијал

• да работат на својот настап

• активно да учествуваат на натпреварот

• да учествуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Избраните учесници учествуваа на повеќе работилници.

Ја користиме можноста да се заблагодарам до менторите кои беа вклучени:

Професорката Лидија Анастасовска,

Михајло Свидерски и Елена Богдановска

Најдобрите текстови се објавени во мала брошура, автори се;

– Анастасија Китановска

– Бојана Митревска

– Ерзана Фетоска

– Кристина Наумовска

– Марија Спировска

– Марија Стојановска

– Мирјана Бучиноска

– Михаела Јовановска

– Михаела Мартиновска

– Теона Драгарска

– Моника Стојчевска

– Габриела Костадиновскa

Почитувани ученици и професори, Ви благодариме за соработката, интересот и мотивот сите да бидете дел од нашите активности со цел поголема популаризација на читањето на книги и посета на нашата библиоте. Ви посакуваме понатамошни успеси и да продолжите да творите, затоа што вие Вие сте нашата иднина.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook