Во рамките на нашиот Еразмус+ проект, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола беше домаќин на завршната средба, одржана на 16 февруари 2025 година. Овој состанок се одржа еден ден пред Европскиот настан за раскажување приказни „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“, кој се одржа на 17 февруари 2025 година во Europe House Битола.
На завршниот состанок, партнерите од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција ги разгледаа досегашните активности и го финализираа планот за големата Европска конференција. Проектот, финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија, има за цел промоција на ромската култура и традиција преку приказни раскажани од Роми.
Партнерите изразија задоволство од постигнатите резултати и се надеваат дека оваа иницијатива ќе продолжи да инспирира и обединува луѓе преку моќта на приказните.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook