Работилницата за слем поезија во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ – Битола беше вистинско славење на зборот, храброста и автентичноста. Идните медицински работници уште еднаш докажаа дека, покрај грижата за здравјето, поседуваат и редок дар – да лекуваат со зборови, емоции и искреност.
Училницата пулсираше со силни пораки, лични приказни и неверојатна енергија. Учениците со голема смелост ги претворија своите мисли и чувства во моќни слем-поетски перформанси, покажувајќи огромен творечки потенцијал и зрелост во изразот.
Работилницата се одржа на 13.02.2025 година, под менторство на реномираниот писател Михајло Свидерски, чиј инспиративен пристап дополнително ги охрабри младите да бидат свои, гласни и храбри.
Посебна благодарност упатуваме до директорот Горан Талевски и до раководството на училиштето за отвореноста, поддршката и вербата во креативните процеси како важен дел од образованието. Благодарение на ваквата поддршка се создава простор каде младите слободно се изразуваат, растат и учат дека зборот има моќ да инспирира, поврзува и лекува.
Браво за учениците – за храброста да се биде свој и да се зборува гласно и искрено. Ова се моментите што оставаат трага и инспирираат!
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook