26 Јануари – Светски ден за едукација за заштита на животната средина
Денес, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со младите, наставниците и соработниците го одбележавме 26 Јануари – Светскиот ден за едукација за заштита на животната средина – ден посветен на знаењето, одговорноста и љубовта кон нашата планета.
Нашата библиотека, како центар на знаење, култура и граѓанска свест, со години ги поддржува младите генерации во нивниот развој и во создавањето на поодржливо општество. Денес таа мисија ја реализиравме заедно со учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола и Приватното средно училиште „САБА“, кои преку видеа, постери, цртежи и мултимедијални презентации ја пренесоа својата визија за почиста, поздрава и поодговорна иднина.
Во рамки на настанот беше презентирана и „Библиотека на нештата“ – концепт кој промовира одговорно користење, споделување и намалување на отпадот, како важен чекор кон одржлив животен стил.
Презентации од учениците од ПСУ „САБА“:
„Селекција на отпад и пластика“ – Иларија Бошкоска и Ева Јованоска (II година)
„Мали чекори, големи промени – селектирање и рециклирање“ – Бисера Талеска и Нектарија Илиевска (III година)
Цртеж – Стефанија Димитријовска
Фото-репортажа – Никола Јанковски (Новаци) со фотографии од РЕК Битола
Видео – Христијан Лазоски
Ученици од Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола:
Јана Василевска (I-1) – Видео: Богатство од природни убавини
Јована Стрезоски (I-2) – Видео: Малите навики создаваат големи промени
Ема Христова (I-3) – Видео: Чувај ја Земјата – таа е наш дом
Гала Јовановска (I-4) – Видео: Рециклираме и во нашиот клас!
Леона Аземовска (I-5) – Видео: Биди ЕКО херој!
Ема Медаровска (I-6) – Видео: ЕКО репортери
Томе Трампески (III-1), Леонид Велјановски (III-2), Анастасија Стерјева (III-2), Јана Поповска (III-4) и Ива Јончевски (III-4) – Видео: ЕКО репортери во акција – загаденоста во Битола
Изабела Христовска и Изабела Шурбеска (III-1) – Постер: Количина на отпад во Македонија
Благој Тарашовски и Марио Апостоловски (III-1) – Постер: Кажете не на пластиката!
Ема Фуна и Дона Илијевска (III-2) – Постер: Битола – загадена или чиста?
Сара Радевска и Јована Стојановска (III-2) – Постер: Нашата планета
Виктор Јосифовски (III-4) – Постер: Компостирање
Благодарност упатуваме до директорката м-р Лидија Споа од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола, како и до професорките Елена Дамчевска Јосифовска, Бисера Бијелиќ Стојчевска и Катерина Николовска, кои со својата посветеност, професионалност и љубов кон образованието ги инспирираат младите да размислуваат критички, да создаваат и да дејствуваат одговорно
Благодарност и до учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола за нивното присуство и поддршка.
Учениците нè воодушевија со својата креативност, оригиналните идеи и искрената посветеност, покажувајќи дека токму младите се најголемата надеж за поодговорна и позелена иднина
Нека 26 Јануари не заврши денес – нека продолжи во нашите секојдневни избори, навики и одлуки.
Да ја чуваме природата – таа е нашиот дом.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook