Учебната година ја завршуваме со посета на учениците од второ одделение од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола кои ја посетија нашата библиотека заедно со наставничките Татјана Чапкуноска и Лидија Стерјов. Учениците имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката, нејзините оддели, да го разгледаат музејот и магацините со книги. Библиотекарите им одговорија на сите љубопитни прашања кои им ги поставија дечињата од ова училиште.

Ние им посакавме да имаат убав летен распуст. Да ги поминат летните дни дружејќи се со книгите и лектирите наменети за нив.

А од наредната учебна година се договоривме да имаме и работилници во кои тие ќе ни покажат колку убаво читаат.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски
9 Jun, 2023