Денес нашата библиотека ја посетија учениците од VI одделение од ОУ „Кочо Рацин“ – Ивањевци со наставничката Маријана Чагорска Нешевска.

Оваа прилика ја искористивме да ја разгледаме библиотека и да се запознаеме со нејзините оддели, а за крај ги слушнавме учениците како читаат на глас.

За оваа работилница ја избравме книгата со раскази од Горјан Петревски „Пак се тука Петар и Лука“, книга со која читањето е лесно и интересно.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook