Учениците од трето одделение од ООУ „Климент Охридски“ – Битола заедно со своите наставнички Надица Трпковска, Ирена Трајковска, Верка Наумовска и образовниот асистент Марија Цветановска ја посетија нашата библиотека. Уште еден прекрасен ден поминат во џагорот на детската среќа, љубопитност и многу прашања за новитетите што можеа да ги видат во нашата библиотека.

После прошетката низ библиотеката, библиотекарите им прочитаа две прекрасни сликовници „Вики и очилата“ и „Носот на куклата“, од кои може многу да се научи.

Децата се полни со креативност, нив и ситните работи ги прават среќни. Во играта тие знаат да бидат најсреќни. Не им требаат скапи играчки, туку уникатни, кои би ги направиле сами со помош на возрасните. А точно за тоа се зборува во сликовницата „Носот на куклата“. За тоа да им го покаже, библиотекарката од лист хартија направи топка и сите почнаа да си ја подаваат книжната топка. На детските лица се појави огромна насмевка.

Децата секогаш се стремат да бидат како возрасните, тие се нивните идоли. Токму за ова се зборува во сликовницата „Вики и очилата“.

Каков пример ќе им оставиме ние на децата, останува на нас!

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook post