На 11. ноември НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ја посетија учениците од трето одделение од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола со своите наставнички Соња Крајчевска и Биљана Петровска. Тие имаа можност да се запознаат и да ја разгледаат нашата библиотека, да ги видат книгите во детскиот оддел, магацините со весници, музејот, роднокрајната сала итн; да постават безброј прашања и да добијат одговори.
Потоа сите заедно во една од читалните на нашата библиотека можевме да другаруваме со сликовницата „Денеска ти нема да играш“. Прекрасна сликовница од која може многу да се научи за тоа како треба да се однесуваме за време на одморите.
Училишниот одмор треба да е време за дружење, игра и смеа, а не треба и не смееме да трпиме насилство од соучениците. И никако не смееме ни да помислиме да бидеме насилници. Во оваа сликовница се зборува токму за тоа како треба да се справиме со насилството за време на одморите.
Нека одморите ни бидат исполнети со детска смеа, игра и радости.
За крај сакаме да им се заблагодариме на овие вредни дечиња и нивните наставнички за прекрасниот поклон кои сами го изработија, прекрасна книга со мисли за книгата.
Ви благодариме!
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link