Денес нашата библиотека ја развеселија првачињата од ООУ „Стив Наумов“ – Битола, кои не посетија заедно со нивните одделенски наставнички Марија Кочовска и Дијана Христовска. Во светот на библиотеката, децата можеа да уживаат во новите светови од книгите кои ги избраа за нив библиотекарките.

Љубовта кон книгите започнува од најмали нозе, а со тоа и љубовта кон посета на библиотеката. Децата треба да имаат можност да ги видат, допрат и разгледаат книгите и да се поврзат со оние кои им оставиле впечаток. Само така можеме во иднина да имаме деца со богат речник, деца кои ќе сакаат да читаат, но и да творат.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook