На ден 16.12.2022, другарувавме со учениците од I до V одделение од подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – Логоварди. Овие прекрасни дечиња ја посетија нашата библиотеката заедно со нивните наставнички Жаклина Веловска, Жанета Петровска и Сузана Бијелиќ.

Посетата ја искористивме за да научиме многу нови работи поврзани со книгата и библиотеката. Дали знаевте дека нашата библиотека ги собира сите весници од 1945 година до денес и дека тоа е весникот „Нова Македонија“. Дека најстарата книга во нашата библиотека која е изложена во музејот датира од 1485 година и уште многу, многу интересни податоци кој ги добија учениците како одговор на нивните прашања.

„Библиотекарот може не знае се, но знае точно каде да најде се“

На изненадување на децата со нив дојде и директорка Жанета Тошеска директорка на ООУ„Св. Кирил и Методиј“-Битола под чии ингеренции е подрачното училиште во Логоварди.

Сите заедно другарувавме со книгите и се забавувавме!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook