Голема благодарност до д-р Соња Коцарева-Трпезановска за донацијата со која е збогатен книжниот фонд на Библиотеката. Станува збор за стручната публикација – монографијата „55 години Физикална медицина и рехабилитација (1962–2017) – Клиничка болница „Д-Р Трифун Пановски“ – Битола“, чиј автор е токму д-р Коцарева-Трпезановска.

Со овој значаен придонес се унапредува достапноста на релевантна медицинска литература и се збогатува научно-стручниот фонд на библиотеката, наменет за истражувачите, студентите и пошироката стручна јавност.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook