Денеска во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, под раководство на директорката

м-р Емилија Стефановска Давкова, беше реализирано донирање на најнови наслови на книги и собраните дела од еминентните македонски автори Раде Силјан и Божин Павловски, во издание на Матица Македонска.

Донацијата ја овозможија д-р Драган Ристевски и Владо Ѓорески, долгогодишни соработници, издавачи и пријатели на библиотеката.

Д-р Драган Ристевски истакна: „Соработката со колегата Раде Силјан трае уште од моите студентски денови, кога тој ми беше асистент по предметот новинарство. Таа соработка продолжи во текот на мојот новинарски ангажман, а потоа и како библиотекар во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Во неколку пригоди „Матица Македонска“ беше донатор на изданија во гимназиската библиотека, а денес ја користиме оваа прилика да донираме и во нашата НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола“.

Директорката м-р Емилија Стефановска Давкова им се заблагодари на дарителите за нивниот придонес и истакна дека секоја донација е од големо значење за збогатување на книжниот фонд и поттикнување на љубовта кон книгата и читањето.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook