Директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и м-р Фатма Бајрам Аземовска, советник библитекар денеска по повод Патрониот празник на Библиотеката донираа книги во Хоспис Сју Рајдер – Битола.

Донирањето на книги во Хосписот покажува поддршка од заедницата и посветеност на благосостојбата на постарите граѓани. Библиотеката ги цени и се грижи за своите постари членови, придонесувајќи за чувството на припадност и социјална поврзаност.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook