Есенска работилница во Образовен центар „Атанасова“ и донација на книги во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Минатата недела се одржа есенска работилница за деца организирана од Весна Атанасова и Образовен центар „Атанасова“ , полна со креативни активности, учење и многу радост! Децата имаа можност да создаваат есенски проекти, да учат за природата околу нас и да развиваат вештини за тимска работа и креативно размислување. Како дел од нашата мисија да поттикнуваме љубов кон книгата и читањето, овој пат реализиравме и донација на книги во Универзитетската библиотека.

Целта ни беше децата да се запознаат со книгите од помала возраст ,а поголемите ученици да се вклучат во читањето на литература надвор од лектирите кои се задолжителни да се читаат. Секоја книга што беше донирана ќе помогне на децата и младите во Битола да откријат нови светови и да уживаат во магијата на читањето.

Срдечно им благодариме на сите учесници , децата ,родителите и на нашите соработници за поддршката!

Заедно создаваме заедница која цени знаење, креативност и љубов кон книгата.

Читај, создавај и откриј!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook