Денес во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, директорот м-р Бојан Стефановски им го честита празникот и им подари цвеќе на дел од поетесите од Битолскиот книжевен круг: Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска -Трајковска, Весна Мундишевска-Велјановска и Мирјана Стојановска и на ликовниот уметник Љубица Мешковска Солак кои беа дел од кампањата „8 ПОЕТЕСИ за 8 МАРТ“. Воедно Директорот им ги додели и наградите на добитничките кои ни испратија најубави пораки за 8 Март. Сите останати читателки ги покануваме да ја посетат нашата библиотека и да си подигнат од палетата на осмомартовски поклончиња кои ги изработија учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ – Битола
Среќен 8 Март на сите!!!