Денес, директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски им ги додели наградите за „Роднокраен автор за 2023 година“, на добитниците во четири категории:

  • Наградата за „Животно дело на Роднокраен автор за 2023“ ја доби писателот Добре Тодоровски.
  • Наградата за „Роднокраен автор за 2023“ – поезија, ја доби писателката Весна Мундишевска Велјановска.
  • Наградата за „Роднокраен автор за 2023“ – драма, ја доби писателот Зоран Пејковски
  • Наградата за „Роднокраен автор за 2023“ – проза, во отсуство му беше доделена на писателот Петре Димовски.

Директорот Стефановски на приемот им се заблагодари за досегашната соработка, се разговараше за идни проекти и им посака уште многу успеси.

Координаторот на проектот м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски истото така им ги честита добиени награди и им посака уште поголема соработка во иднина и многу успех во полето на книжевноста.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook