Драги првачиња и родители,

Со огромна радост Ве информираме дека и оваа година, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, им подарува на сите првачиња едногодишно бесплатно членство!

Со овој ваучер, Вашето дете ќе има пристап до богатството на знаење и забавни содржини кои ги нуди нашата библиотека. Поттикнете ја љубовта кон книгите уште од најмала возраст и станете дел од нашето книжевно семејство.

Не пропуштајте ја оваа можност!

Донесете го вашето прваче во библиотеката до крајот на годината и искористете го ваучерот. Во текот на месец септември, секое прваче ќе добие ваучер за бесплатно членство преку своето училиште.

Веќе започнавме со доделување на ваучерите во основното училиште „Гоце Делчев“. Првачињата од ова училиште со голема радост го примија своето бесплатно членство, благодарение на поддршката од директорката Наташа Ставревска, која секогаш се грижи за нивниот образовен напредок.

Очекувајте не наскоро и во вашето училиште!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook