Денес директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски ја додели наградата за „Роднокраен автор за 2023 – проза“ на нашиот роднокраен писател Петре Димовски.
Ова признание е резултат на неговата посветеност и креативност во писменото изразување, а неговите дела продолжуваат да го збогатуваат културниот живот на нашиот регион. Во чест на неговиот успех, директорот му посака уште многу успех и награди во иднина.
Честитки на Петре Димовски за ова заслужено признание! Неговата работа и посветеност продолжуваат да инспирираат и да придонесуваат кон развојот на литературата во нашата заедница.