Дел од првачињата од ООУ „Трифун Пановски“ – Битола, заедно со родителите ги искористија ваучерите за едногодишна бесплатна членарина во нашата библиотека. На ова групно зачленување учениците имаа можност да се запознаат со детскиот оддел и каква литература ( сликовници, енциклопедии и др.) наменета за нивна возраст се крие во магичниот свет на детскиот магацин.

Библиотекарките ја искористија оваа прилика за да ги запознаат со уловите кои треба да ги почитуваат како наши членови. Книгата е непроценливо богатство за кое треба да се грижиме и да го зачуваме за идните генерации. Првачињата исто така уживаа во приказната која се наоѓа во една прекрасна сликовница „Девојчето и мечето“ во која се зборува за другарувањето со куклите и периодот кога се тргнува на училиште.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook