Дијалектологија е наука што се занимава со говорите, дијалектите на еден јазик, односно сите јазични појави што не влегуваат во литературниот јазик.
1. Говор е најмала територијална или социјална јазична единица. Тоа е јазичен израз на мал колектив луѓе меѓу кои нема некои позабележителни јазични разлики (охридски говор, рекански говор итн.).
2. Дијалект е поголема јазична целина која опфаќа неколку говори (охридско-преспански, скопско-велешки итн.).
3. Наречје е поголема јазична средина во чиј состав влегуваат повеќе дијалекти или говори.
Македонската дијалектологија ги проучува македонските дијалекти.
Во Македонија постојат три основни дијалектни наречја:
западно југоисточно (јужно и источно) северно
Дијалектните карактеристики се во однос на:
а) акцентот
б) фонетско-фонолошките особености
в) морфолошките особености Западно наречје
г) синтаксичките особености
Западното наречје ја зафаќа територијата на Западна Македонија: на север оди по линијата Скопје -Тетово и граничи со српската јазична територија, на запад граничи со албанската, на југ оди до јужниот дел на Преспанското Езеро, на исток оди по линијата на Црна Река – Вардар – Пчиња до Скопје.
Во тој контекст се одржа креативна работилница за важноста на дијалектите со учениците од четврта година од РЦСОО Ѓорѓи Наумов – Битола каде учениците пишуваа реченици на дијалектите на западно наречје и истите ги пишуваа на литературен јазик.
Работилницата помина во една прекрасна атмосфера преку која се мотивираа за понатамошно зачувување на автентичноста на нашиот јазик.
Голема благодарност до професорката Пандора Бојовска и до директорката на РЦСОО Ѓорѓи Наумов – Жанета Сервини.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook