Инклузивното образование ја вреднува различноста и уникатните придонеси кои секој ученик ги дава во училницата. Во вистинска инклузивна поставеност, секое дете се чувствува безбедно и има чувство на припадност. Учениците и нивните родители учествуваат во поставувањето на целите за учење и во носењето одлуки кои ги засегаат. Додека, пак, вработените во училиштето се соодветно обучени, флексибилни и имаат поддршка и ресурси за да ги негуваат, охрабруваат и одговорат на потребите на сите ученици. По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21-от ден од третиот месец, како симбол за трите копии на 21-от хромозом што ги носат лицата со Даунов синдром. Мотото годинава гласи „Децата го менуваат светот“.
Со ова мото овој ден е фокусиран на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста – право да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор во нашата библиотека се одржа работилница во рамките на проектот „Работилници на лица со попреченост“. Работилницата ја започнавме со обработка на книгата: „Девојчето со необични очи“ која учениците ја читаа и во која раскажуваа за девојчето со овој синдорм. Децата изработија и чорапчиња, кои ги украсуваа по своја желба,а воедно на ливчиња ги напишаа и нивните имиња, за потоа да извлекуваат ливче со име на свое другарче и парот чорапи да им ги поклонат на другарчето чие име го извлекле.
Посебна благодарност и до нашиот колега Коста Ќука кој доби пар изработени чорапи поклон од самите дечиња, а воедно и благодарност до учениците од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, специјалниот едукатор и рехабилитатор Ивана Карајанова и до директорката Драгана Кирковска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook