Полека ги одбројуваме последните денови до започнувањето на новата учебна година и го заокружуваме летниот распуст со забавен Игратон ,, Детективи во лов на литературни скриени богатства “. Игратонот е дел од седма по ред работилница од проектот ,, Книгата – прозорец кон светот ” организиран од Центарот за помош и поддршка на деца и лица со попреченост ,, Сложувалка Срце ” во соработка со НУУБ ,,Св. Климент Охридски ” поддржан од Министерството за култура на РСМ.
Целта на работилницата овој пат беше преку забавен игратон учесниците да развијат интерес за користење на библиотечните литературни богатства, да се поттикне љубовта кон литературата за деца и да се стимулира дружбата со книгата и за време на жешките денови од летниот распуст.
Со разговор и потсетување на содржините од познати детски литературни дела кои ги красат полиците на библиотеката – дискусија за впечатоците, емоциите кои ги пробудија при нивното читање започна игратонот, а заврши со
прогласување на групата која е победник на игратонот.
Кај децата учесници бликна мотивираност, натпреварувачки дух и задоволство од вложениот труд.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook