На ден 16.04.2024 година во просториите на Интимен театар се одржа дегустација на книги со претставниците на Здружението на дијабетичари – Битола.

Концептот на “дегустација на книги” е метафоричен и претставува начин на организирање на настани или активности кои имаат за цел да ги промовираат и обезбедат простор за споделување и дискусија за книгите. Во суштина, дегустацијата на книги е слична на винската дегустација, каде што учесниците имаат можност да ги “пробаат” различните книги, да ги разгледаат истите и да споделат свои мислења и искуства.

Следува наскоро нова работилица.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook