Денес во ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, одржавме дегустација на книги со ученици од VII одделение. Во рамки на оваа креативна работилница, младите имаа можност да „пробат“ различни книги – преку читање делови, споделување впечатоци и откривање нови омилени автори.
Посебна благодарност до библиотекарките Викторија Јовановски и Ирена Настевска за нивниот труд и посветеност, како и до директорката Гордана Јоначиќ за поддршката.
Веруваме дека секоја ваква „дегустација“ поттикнува љубопитност, го збогатува светот на учениците и ја зајакнува љубовта кон читањето.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook