Во чест на денот на жената 8-ми март, на ден 6.3.2023г. во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа панел дискусија со примариус д-р Елизабета Чипуровска во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Ротаракт Клуб Широк Сокак Битола. Пред присутните гости примариус д-р Елизабета Чипуровска заборуваше за ендометриозата, но и за целокупното здравје на жената од најмала возраст до зрели години.

Март е месец на свесноста за ендометриозата. Ако не сте слушнале за ендометриоза, не сте сами. Иако се проценува дека околу 10% од светската популација е дијагностицирана со ендометриоза, тоа е болест на која и се обрнува малку внимание.

Ендометриозата е состојба кога ткиво слично на слузницата на матката се наоѓа на други делови од телото. Огромното мнозинство на ендометриоза се наоѓа во карличната област, но, во ретки случаи, таа е пронајдена на или над дијафрагмата, вклучително и на окото, белите дробови и мозокот.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook