Секоја култура претставува богатството на еден народ. Да учиме за различните култури ни дава моќ да сознаеме нови работи, да ги почитуваме другите и тие да не почитуваат нас.

Во градинката „Снегулка“ се одржа работилница во која децата кои ја посетуваат имаа можност да научат за културата на Ромите, нивното знаме, нивната химна. Да направат компарација со другите култури, кои се различности а кои се сличности.

Преку креативни активности најмалите се дружеа со библиотекарката Фатма Бајрам Аземовска и Гзиме Комина негувател во оваа градинка, од кои можеа да добијат одговор на секое прашање.

Нека е честит 8ми април Светскиот ден на Ромите

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook