На 04.02.2026 г., во графичкиот кабинет на СОУ „Таки Даскало“ – Битола, се одржа втората креативна работилница од проектот „Прочитај ја љубовта“

Во работилницата учествуваа ученици од прва до четврта година од графичката струка и еден образовен асистент под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Снежана Паскова и Катерина Спасовска-Маурдева, наставници по графички стручни предмети, изработија палета на производи од областа „Преработка на хартија“, посветени на книгата, љубовта и виното.

Работилницата насловена како „Грозд од мисли, напоен со знаење“, е креативно дело, резултат на инспирацијата, трудот и мисли на учениците од графичката струка. Преку симболиката на книгата како извор на знаење и гроздот како плод на идеи, учениците ги преточија своите пораки, размислувања и емоции за љубовта. Секое зрно претставува лична мисла, создадена со љубов кон уметноста, читањето и творештвото. Ова дело е доказ дека знаењето расте кога се споделува и кога младите добиваат простор креативно да се изразат.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook