НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со графичката струка од СОУ „Таки Даскало” – Битола, започна со реализација на проектот „Графопис”. Првата работилница се одржа во просториите на библиотеката каде учениците од прва година илустрираа македонски народни приказни кои потоа ќе бидат дел од уникатни рачно поврзани книги наменети за најмладите читатели.

Работилниците се корелација на наставните предмети Содржини програмирани од училиштето (“Графичарството во практиката”), Основи на графичарство, Книговрзување и Преработка на хартија под менторство на професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева и Љубица Мешкова Солак, во соработка со библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Библиотеката уште еднаш на креативен начин се вклучува во реализирање на практичната настава на учениците, кои преку овој проект развиваат низа вештини а крајниот производ ќе пртеставува една уникатна изработка на македонски народни приказни.

Продолжуваме…

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook