По повод Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза – 18 Јуни, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа предавање посветено на препознавањето и спречувањето на говорот на омраза, особено во дигиталниот простор и на социјалните мрежи.
Во предавањето учествуваше Мирјана Недановска, началник на Отсекот за превенција при СВР Битола, која зборуваше за различните форми на говор на омраза, неговото влијание врз поединците и заедниците, како и за улогата на институциите во неговото спречување.
Посебен акцент беше ставен на социјалните мрежи, каде што говорот на омраза често се шири брзо и остава сериозни последици врз младите луѓе. Присутните имаа можност да слушнат корисни совети за препознавање на ваквите содржини, начини на пријавување и важноста од одговорна и безбедна комуникација во онлајн просторот.
Со вакви активности ја поттикнуваме културата на почитување, толеранција и одговорна комуникација, затоа што секој збор има тежина, а секој од нас има одговорност да придонесе кон општество без омраза.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook