Библиотеката продолжува со кампањата за читањето на глас. Читањето на глас е клучна метода за развивање навики за читање и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини. На овој начин се работи на превенција на тешкотии при читањето.

Книгата е во центарот на вниманието на детето и извор на корисно и возбудливо искуство. Со читање се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат може да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе. Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и ја пренесуваат љубовта спрема книгата. Децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата и ситуациите кои не ги запознале и доживеале. За да видат и да се уверат колкаво е значењето на гласното читање и кои се придобивките од него, денес реализиравме работилница со учениците од четврто одделение во ООУ „Коле Канински” – Битола, на која учениците гласно читаа басни, а потоа направивме илустрација на прочитаното.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook