КОНКУРС
ВТОР ЛИКОВЕН НАТПРЕВАР за деца од 4-6 годишна возраст „МИНИ КРЕАТИВЦИ 2022“
Тема: „КОРИЦАТА НА МОЈАТА СЛИКОВНИЦА “

ЈАВЕН ПОВИК:
По повод 2 Април – светскиот ден на книгата за деца што се слави во чест на роденденот на најголемиот писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, роден во 1805 година, како и минатата и оваа година ЕДУКА МАК по ВТОР ПАТ распишува ЛИКОВЕН КОНКУРС „МИНИ КРЕАТИВЦИ 2022“ на тема: „КОРИЦАТА НА МОЈАТА СЛИКОВНИЦА“.

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ: Поттикнување на креативноста, детското творештво, естетските чувства и фантазијата кај децата, негување на чувствата за книгата – сликовницата, со задача да се открие детската индивидуалност, љубов и размислување за сликовницата

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Право на учество имаат сите детски градинки во РСМ со следните ПРОПОЗИЦИИ на КОНКУРСОТ:

  • Се испраќаат 10 цртежи од 10 ДЕЦА на блок хартија формат 22х30 на адреса: ЕДУКА МАК, ул. Михаил Цоков бр.2/2-12, Скопје, со назнака: за ликовен конкурс „МИНИ КРЕАТИВЦИ 2022“, или се доставуваат лично.
  • На секој цртеж да го пишува името на детето и називот на градинката, а во посебен плик име на воспитувачот – менторот, имиња и презимиња на ГРУПАТА од 10 деца, возраст, назив на градинката, објект и воспитна група.
  • ТЕМАТА на конкурсот е: „КОРИЦАТА НА МОЈАТА СЛИКОВНИЦА“.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
• Конкурсот ќе биде отворен од 28.02.2022 до 28.03.2022 година. Наградите ќе бидат соопштени на 2 Април 2022 – датумот со кој се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА.

НАГРАДИ:
Од пристигнатите ликовни творби специјалната жири комисија ќе ги избере најдобрите ТРИЕСЕТ (3 групи по 10), на кои ќе им бидат доделени награди „МИНИ КРЕАТИВЦИ 2022“ и тоа:
ПРВА НАГРАДА што се состои од плакета за градинката, признание за воспитувачот и благодарници за 10 деца (учесници) како и ПАКЕТ од 20 книги за деца.
ВТОРА НАГРАДА што се состои од плакета за градинката, признание за воспитувачот и благодарници за 10 деца (учесници) како и ПАКЕТ од 15 книги за деца.
ТРЕТА НАГРАДА што се состои од плакета за градинката, признание за воспитувачот и благодарници за 10 деца (учесници) како и ПАКЕТ од 10 книги за деца.

Дополнително, во зависност од условите ќе биде организирана изложба на сите пристигнати детски ликовни творби, кога и свечено ќе се доделат наградите.

НАПОМЕНА: Ги молиме учесниците да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на ликовните детски творби!

Ве очекуваме во голем број!

СРЕЌНО!