НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, втората работилница од Еразмус + проектот „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“ ја реализира во соработка со ООУ „Даме Груев“ – Битола.

Библиотекарите овој пат имаа можност да се дружат и да разговараат за булингот и сајбер булингот со ученици од деветто одделение. На работилницата беа опфатени практични вежби и дискусија за видовите на булинг и сајбер булинг, препознавање на учесници во булингот, како и зошто настануваат и како можат истите да се спречат.

За време на активностите учениците активно се вклучија со свои размислувања и имаа можност да го прошират своите знаење. Работејќи во групи учениците заклучија дека фотографиите не секогаш се она што на прв поглед ни изгледаат и дека многу треба да внимаваат кога носат заклучоци и кога коментираат.

Во последната вежба, учениците работеа во парови. Тие имаа задача да пренесат информација, но резултатите ги изненадија. Начинот на кој што ја кажуваме информација може да предизвика забуна кај другото лице. Цртежите навистина ги расположија учениците и сите заедно заклучивме дека треба многу да внимаваме како ги пренесуваме информациите.

Се надеваме дека преку овие вежби и разговори ги поттикнавме учениците да размислуваат пред да делуваат и помогнавме да ги насочиме кон разумно размислување и делување.

Голема благодарност сакаме да изразиме до директорката на ова основно училиште Биљана Дамчевска -Бакиевска и одделенски раководител Соња Јанкуловска кои ја поддржаа оваа активност и ја препознаа важноста од вакви работилници.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook